Протестите на „Жолтите елеци” во Брисел се проширија и во институциите на ЕУ

0
196

Протестите започнати од „Жолтите елеци” кои се одржуваат во Брисел, главниот град на Белгија, се претворија во насилство и се проширија во институциите на Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).

По повикот што беше упатен преку социјалните мрежи, на различни точки во Брисел на протести се собраа илјадници „жолти елеци”.

Демонстрантите којшто протестираат поради зголемувањето на цените на течните горива и економските политики на Владата, на булеварот „Avenue des Arts” во центарот на градот се соочија со полицијата.

Врз демонстрантите којшто извикуваа различни анти-владини слогани, полицијата интервенираше со водени топови.

Припадниците на „Жолтите елеци” фрлајќи запалени факели и звучни бомби се обиделе да постават барикади за да не може полицијата да им се доближи. Поради протестите дојде прекини во јавниот транспорт и автомобилскиот сообраќај.

Сообраќајот на главните патишта во Брисел беше прекинат. Активистите организирани под името „Жолти елеци” веќе 10 дена организираат протести низ целата Франција поради зголемувањето на цените на течните горива за повеќе од 20 проценти во текот на една година.

Жолтите елеци претходно протестираа во францускиот регион на Белгија и најавија дека ќе формираат политичка формација. Денес, протестот на жолтите елеци, за првпат се прошири и во Брисел.