Светскиот Самит за халал-производи 2018 и 6. Саем на халал-производи при Организацијата на исламска соработка (OIC), започнаа денес во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Двата значајни настана на светскиот пазар за производи и услуги во согласност со исламските прописи (познати како халал), кои ќе траат четири дена, се организирани под покровителство на турското Претседателство, и ќе соберат околу 250 изложувачи.
Оваа година, Самитот и Саемот – чиј глобален комуникациски партнер е АА, се очекува да привлечат научници, претставници на компании, експерти, деловни луѓе и политичари од околу 80 земји од светот.
Самитот е домаќин и на неколку истакнати говорници, меѓу кои и на Јусуф Ислам, познат и како Кет Стивенс.
Преку темата „Халалот и здравиот живот: Свесност и одржливост“, Самитот се фокусира на стандардизацијата, халал-храната, колењето животни на халал-начин, халал-медицината, халал-туризмот и халал-финансиите.
На Саемот присуствуваат над 500 купувачи од Блискиот Исток и Централна Европа, Балканот и од Африка.
Минатата година, на собирот присуствуваа речиси 30.000 посетители од 72 земји од светот и 150 изложувачи.









