БЕЛГРАД: Одбележан денот на независноста на Палестина

0
220

Палестинската амбасада во Белград денес го одбележува Денот на независноста на Палестина и Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, а амбасадорот на таа земја, Мохамед Набан, изрази верување во правдата и слободата и продолжувањето на борбата за слобода и независност, јави агенцијата Анадолу (АА).
“Се надевам дека еден ден ќе можеме да ве дочекаме во ослободиме Палестина”, изјавил амбасадорот на приемот во Белград пред собраните функционери.

Тој им се заблагодари на Србија и на српскиот народ, кој од самиот почеток ја поддржа и ја поддржуваат “борбата за палестинскиот народ кој живее под режим, ама се чувствува слободен”, додавајќи дека Палестина ќе продолжи да ги одржува добрите односи со Србија.

“Ние веруваме во правдата и слободата и ние ќе продолжиме да веруваме додека не ја постигнеме нашата цел да бидеме слободни и независни”, истакнал Палестинскиот амбасадор.

Според него, денес надвое е ладно, ама него му е топло, бидејќи ја чувствува љубовта и солидарноста на присутните.

На свечениот прием беа интонирани химните на Србија и Палестина, а присуствуваа голем број амбасадори, меѓу кои и амбасадорот на Турција во Србија, Тању Билгиќ, како и бројни претставници на дипломатскиот кор и српските официјални претставници.