Обилните дождови предизвикаа поплава на улиците на турскиот крајбрежен град Бодрум.
Водениот бран покри некои од улиците во туристичкиот центар на Бодрум, а патниците бегале од автомобилите кои што одеднаш се нашле во водата.
Голем број на деловни и станбени згради во крајбрежните делови на градот, исто така, беа поплавени.
Надлежните служби се на терен и им помагаат на загрозените локални жители. А,полицијата ги зајакна безбедносните мерки.
И пред десет дена, градот на брегот на Егејското Море беше сцена слична поплава која однесе десетина автомобили во морето.
Новата поплава дојде набрзо откако надлежните органи успеаја да ги исчистат улиците на претходните поројни поплави.















