Ердоган: „Слободната и чесна трговија се еден од клучните елементи на економскиот раст“

0
179

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција и останатите нации на овонеделниот Самит Г20 во Аргентина ќе се соочат со предизвици кои се пред глобалната економија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Ќе одредиме чекори со кои ќе ги елиминираме главните ризици за светската економија со проценување на глобалните економски перспективи”, изјави Ердоган на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, пред заминување за Буенос Аирес.

Тој предупреди дека прашањето за трговијата неодамна предизвикало сериозни контроверзии поради едностраните протекционистички потези на некои земји.

„Слободната и чесна трговија е една од клучните елементи на економскиот раст“, нагласи Ердоган.

Турскиот претседател изјави дека ќе се занимава и со прашањата во врска со образованието, здравството, вработеноста, земјоделството, развојот и енергијата.

Ердоган потврди и дека во рамките на Самитот Г20 ќе се состане со американскиот колега Доналд Трамп.

„Со претседателот Трамп во Аргентина ќе разговарам за прашањето поврзано со Мунбич“, изјави Ердоган.

Турските и американските трупи од 1 ноември започнаа со заеднички патроли во Мунбич, североисточно од покраината Алепо во Сирија, во согласност со Договорот кој се фокусира на повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од градот поради стабилизација на состојбата.

ЈПГ е сириски огранок на ПКК, која од страна на Турција, САД и ЕУ е ставена на листата терористички организации, а во нејзината 30-годишна терористичка кампања против турската држава настрадаа околу 40.000 лица.

САД тврдат дека ЈПГ/ПКК е сојузник во борбата против ДЕАШ, и покрај приговорите на Турција дека една терористичка организација не може да се користи во борба против друга. Турција во повеќе наврати изнесе докази дека ЈПГ не се разликува од ПКК.