Ушаков: „Путин и саудискиот престолонаследник Салман ќе разговараат за убиството на Кашоги“

by Administrator

Јуриј Ушаков, советникот на Кремљ за надворешна политика, изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, на самитот на лидерите Г-20 ќе разговара со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

„Со сигурност ќе разговараме за тоа“, изјави Ушаков запрашан дали рускиот претседател и саудискиот принц на самитот во Аргентина ќе разговараат за новинарот убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, на почетокот од октомври 2018 година.

Путин и престолонаследникот Салман ќе разговараат и за други актуелни прашања, меѓу кои се ситуацијата во Јемен и Сирија и работата на Уставната комисија за Сирија.

You may also like