По повод 28 Ноември, Денот на Албанското знаме, и во исто време Денот на независноста на Република Албанија, и оваа година како и претходните, општините каде живеат етнички Албанци во знак на овие два датуми од Албанската историја во повеќе градови на Македонија се оддржуваат низа свечености и средби на политичари и други представници на општествено-политичкиот живот.
По повод овој празник при нашата посета на град Струга, денес во речиси целиот град, можеше да се забележи сликата од прославувањето – одбележувањето на овој значаен датум од историјата на Албанскиот народ.
Пред државните, институции, како и пред самата општина Струга, и воопшто низ град Струга забележително беше поставувањето на знамето на Република Македонија, и знамето на Република Албанија.
Во текот на нашата посета, имавме можност накратко да поразговараме и со постар соговорник -припадник на Албанската етнчика заедница, кој по повод овој празник едноставно накратко ни кажа дека овој датум како и другите представуваат најсвети нешта во историјата на Албанскиот народ.
“Како што гледате денес Струга е обоено и накитено во боите на Македонското и Албанското знаме.
Многу ми е жал што во изминативе неколку два дена, одредени политички партии и медиуми се користеа со одредени дезинформации, мислејќи дека ќе ја променат сликата на соживотот на Македонците и Албанците во ова наша преубава заедничка Струга.
Соживотот отсекогаш бил и ќе остане дел од нашата заедничка Струга, каде што живееме и ќе продолжиме да живеме во духот на нашето заедништво, и соживот за по просперитетна и идна Струга.“
Друг пак наш соговорник, Стружанец (Македонец) ни изјави:
“Се надевам дека, ќе престанат да ни се повторуваат секогаш оние истите работи кои на некој начин ќе се обидуваат да наштетат на заедништвото и соживотот кој го оддржуваме, продолжуваме и градиме во Струга. За другите градови низ Македонија не знам, ама како стар стружанец за Струга можам да кажам дека соживотот представува дел од нашето секојдневие и истиот си продолжува како наследство и од нашите постари генерации.
За жал, секогаш ќе постојат одредени личности, партии и слично кои секогаш ќе се обидуваат да го разнишаат нашиот соживот, и на тој начи променат сликата на оваа наша преубава Струга. Доколку живеете надвор од Струга, односно друг град во Македонија, еве ве поканувам да ја посетите Струга и почуствувате дека сепак соживотот си продолжува и истиот надградуваме, и за крај во ова пригода на сите припадници од Албанската националност им го честитам денот на Албанското знаме, како и денот на независноста на Албанија, треба да продолжиме напред кон ЕУ како и сите други нормалните развиени-демократски држави, а не да се враќаме назад во некои си времиња кои од повеќе е јасно дека и одговараат на одредени лица и партии, одколку на самиот народ, а во овој случај и на нашата Струга, ни изјави постар жител на град Струга (Македонец), кој за крај на сите припадници им ја честита новата година, и празниците кои ќе следуваат..“











