Водата од струшкиот водовод забранета за пиење

by Administrator

Зголемена матност во водата за пиење во Струга, со вредности знацително поголеми од законски пропишаните.

До нарушување на квалитетот на водата за пиење од струшката градска водоводна мрежа, по однос на параметарот матност дошло поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачето на општина Струга, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на неа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.
Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамосно постапување.

Центарот за јавно здравје Охрид во координација со надлежните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

You may also like