ТУРЦИЈА: Се урна бетонски блок врз работници, спасувањето е во тек

0
384

Повеќе работници останаа под бетонскиот блок што се урнал утрово за време на изградбата на вијадукт на автопатот Северна Мармара во местото Гебзе, во северозападниот турски град Кочаели, јави агенцијата Анадолу (АА).

Според информациите добиени од новинарот АА, рано изутрина, паднал бетонски блок од вијадукт кој се гради на автопатот на “Северна Мармара“.

Под бетонскиот блок, осѕанале повеќе работници, чие спасување е во тек. На местото на несреќата пристигнаа голем број тимови од Турската агенција за вонредни ситуации AFAD, како и екипи на пожарникари и амбуланта.

Станува збор вијадукт кој се гради на трасата на автопатот кој ќе ги поврзува европските и азиските делови на Истанбул преку мостот Јавуз Султан Селим.

 

Фото:faktor