Дојава за бомби во десет трговски центри во Москва

0
327

Десет трговски центри во Москва добила дојава за бомба, поради што се евакуирани неколку илјади луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).

Руската новинска агенција TASS, повикувајќи се на изјава на безбедносен службеник, јави дека дојавата за бомба ја добиле трговски центри меѓу кои се Артриум, Цветнои, Капитоли и Мегаполис.

Во Русија минатата година од септември до декември поради лажни дојави за бомби, од околу 4.000 објекти евакуирани се повеќе од 2,6 милиони луѓе.