Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Палестина ќе постои сè додека постојат муслимани и луѓе кои ја бранат вистината, правдата и слободата.
Турскиот претседател им се обрати на учесниците на 34-тата седница на Комисијата за постојана економска трговија (COMCEC) која работи при Организацијата за исламска соработка (ОИК).
“Испраќам селам до Палестина, татковината на мирот и добрината, и Ерусалим, зеница на окото на исламскиот свет. Испраќам селам до палестинската младина која своите животи ги дава на браникот на Ерусалим и палестинските бегалци кои страдаат веќе 70 години “, рече Ердоган.
Ердоган изрази задоволство од конгресниот центар во Истанбул, каде во својство на претседател на ОИК, може на учесниците да имукаже добредојде во градот кој представува колевка на цивилизацијата.
Тој испрати срдечни поздрави до пријателите од Мека и Медина, преку Сараево и Исламабад, до Каиро и Кабул.
Турскиот претседател Ердоган ги повика сите муслимански земји да извлечат поуки од историјата со цел заеднички да се соочат со тековните и идните предизвици.
Истакнувајќи дека во исламскиот свет се просутни послдеиците од Првата светска војна е која е завршена пред сто години, Ердоган истакнал дека империјалистичките планови за конфликт и поделба на муслиманите сé уште се на сцена.
Тој додаде дека во регионот од Сирија до Ирак и од Јемен во Палестина на сцена се кризи, војни, крвопролевања и страдања, кои се дизајнирани како голема војна.
“Нема потреба на други места да ги бараме одговорните за глад и страдање на милиони луѓе во Јемен. Виновни сме ние, муслиманите односно наводни муслимани. И понатаму мирно гледаме на тие напатени луѓе и деца од кои останаа само коски и кожа“,рече Ердоган.
Нагласувајќи дека дизајнерите на Големата криза се “Lowrencei” од западните престолнини, Ердоган рече дека Палестинците биле најголеми жртви на тие темни кругови.
Повикувајќи ги муслимани на единство, Ердоган рече дека исламскиот свет не смее да дозволи подигнување на нови граници и ѕидови во срцата на муслиманите.
Тој ја повтори потребата од реформи на Обединетите нации, односно Советот за безбедност, за кој рече дека е нечесно и неефикасно тело на ОН кое не можеше да ја исполни својата мисија за зачувување на мирот и правдата во светот.
“Не смееме повторно да паѓаме во замките на оние на кои капката нафта им е повредна од капката на човечка крв“, порачал Ердоган.
Ердоган рече дека секогаш ќе биде прв кој ќе го искаже својот глас против злосторствата и неправдите, без разлика каде се случуваат.
“Како припадници на верата која убиството на невина личност го како убиство на целото човештво, прво пред сите ќе го осудиме секое казнување без судење и сите зверски убиства”, рече Ердоган.
Во обраќањето до делегациите на членовите на ОИК, турскиот претседател исто така рече дека важен чекор во растурањето на империјалистичките заговори би можел да биде употребата на националните валути во трговската размена на земјите од исламскиот свет.
“Зајакнувањето на трговијата помеѓу земјите на COMCEC ќе ги зајакне нашите земји. Ова е клучот за нашиот заеднички напредок “, заклучил Ердоган.











