ПРОРАБОТИ МОЌНАТА БАВАРСКА МАШИНА: Погледнете како Баерн на Алијанц Арена со 5 гола ја понизи Бенфика

0
208

Баерн славеше против Бенфика со висок 5: 1, а стрелци беа Робен и Левандовски со по два гола, и еден гол постигната од Рибери.

Арјен Робен со луда соло акција промба низ бек одбраната на Бенфика и во свој стил погоди за радост на домаќинот.

По половина час Холанѓанецот постигна уште еден. Како и да е, депласирано е и да се пишува – топката кон внатрешноста и брилијантниот удар за 30-ти. гол во Лигата на шампионите. Шест минути после вториот, падна и третиот гол. На уфрлување на Кимих, за својот 50-ти погодок во Лигата на шампионите, реализираше Левандовски.

По само 38 секунди од играта од второто продолжение, Бенфика за момент купи мала надеж. За смалување на резултатот, Фернандес, играч кој е во редовите на Португалците влезе на полувремето.

Сепак, надеж за гостите ја уби полскиот голгетер Левандовски со својот втор гол во 51 минута.

За конечен резултат Баерн-Бенфика 5: 1 се погрижи Френк Рибери.