Аленка Ерменц, прва жена на чело на словенечката Војска

0
188

Генерал-мајорот Аленка Ерменц е именувана на функцијата началничка на Генералштабот на словенечката Војска, пренесува Anadolu Agency (AA).

Владата на Словенија на денешната седница го одобри именувањето, со што 55-годишната Ерменц стана прва жена на чело на словенечките вооружени сили.

Ерменц на новата функција ќе стапи со церемонијата која е најавена за утре.

Словенечкиот претседател Борут Пахор ja соопшти нејзинaта номинација на чело на Генералштабот минатата недела и изрази уверување дека Ерменц ќе придонесе за јакнење на воените способности и капацитети на Словенија.

Новата шефица на словенечките вооружени сили, Ерменц, во чинот генерал-мајор е унапредена минатата недела.