Претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) направи проценки на актуелниот дневен ред.
Ердоган истакна дека неодговорните однесувања на Грција и Кипарско-грчкиот дел земајќи зад себе и некои европски земји, се дојдени во состојба на извор на закана и опасност пред се против самите нив.
Тој во својот говор нагласи дека прашањето со правата во Средоземното Море, Егејското Море и Кипар уште од одамна се наоѓа меѓу прашањата на кои што Турција стои со чувствителност и потсети дека поради активностите за пребарување на јаглеводороди во последниот период проблемите во овој регион (Источниот Медитеран) почнаа да стануваат прашање на многу поголеми судири на интереси.
Велејќи дека однесувањата на Кипарско-грчкиот дел се дојдени во состојба на извор на опасност, Ердоган рече: „Неодговорните однесувања на Грција и Кипарско-грчкиот дел земајќи зад себе и некои Европски земји, се дојдени во состојба на извор на закана и опасност пред се против самите нив.“
„Отворено велам, залудни се обидите нашата земја по прашањето со 12-те милји да ја доведат во состојба речиси да не може да нагазне во Егејското Море, и по прашањето на Кипар да ја доведат да не може да си ги одбрани сопствените права. Одлучни сме да ги искористиме до крај нашите права кои што произлегуваат од меѓународното право и практикувањата, како и да им го дадеме потребниот одговор на оние кои сакаат да го попречат тоа.“ – рече Ердоган.
Велејќи „Исчекувањето на прилика е лошо, исчекувањето на прилика во меѓународните односи е многу полошо,“ претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Нема да им дадеме прилика на оние кои искористувајќи го тоа што некои земји се справуваат со своите сопствени внатрешни прашања сакаат да воспостават економска и политичка власт во сфери во Средоземното Море кои што не се нивно право. Оние кои се тресат пред мигрантскиот бран тогаш кога се во прашање нафтата, природниот гас и политичките придобивки стануваат лавови. Тоа што оние коио не ги исполнуваат своите обврски кон човештвото сакаат да ги искористат сите услови за обезбедување на економски интереси, претставува лицемерност. Нема да направиме ниту најмала отстапка од нашите сопствени тези ниту во Источниот Медитеран, ниту во другите региони.“











