Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги посети историските места во подрачјето на Изник кое се наоѓа во турскиот град Бурса, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Иванов во посета на турскиот град Бурса

Иванов, заедно со сопругата Маја Иванова, ја посети историската џамија „Aja Софија“ во ова подрачје, каде што доби информации од имамот на џамијата, Махмут Шахин.

Иванов надвор од џамијата се фотографираше со присутните.

Македонскиот претседател го посети Античкиот римски театар, а потоа ја посети Фондацијата за чинии во Изник.

Иванов со четка црташе слика на неговата сопруга на чинија и се потпиша на неа. Исто така, и Маја Иванова му се придружи на својот сопруг во цртањето.

Градоначалникот на општина Инзик, Осман Саргин, на претседателот Иванов му подари чинија со мотиви на лалиња.

Иванов беше придружуван од страна на пратеникот на АК Партијата од Бурса, Ахмет Килич, управителот на областа Изник, Булент Бајрактар, претседателот на огранокот на АК Партијата во Изник, Халил Ибрахим Ѓокбулут, директорот за култура и туризам во овој град, Ахмет Гедик и од директорот за национално образование во ова подрачје, Мухамет Асил.