Повеќе од еден милион луѓе учествуваа оваа година на Дубаи фитнес предизвикот, спортски настан кој траеше еден месец и во кој задачата на секој учесник била секодјевно да вежба по половина час. Кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, паркур, јога, аеробик, тенис, пливање, трчање, возење велосипед, гимнастика … беа само некои од изборот на жителите на Дубаи која претендира да стане град со здрав живот и на тој начин да послужи како пример за сите други градови во светот.

Принцот Хамдан бин Мухамед бин Рашид Ал Мактум, кој го иницираше настанот во 2017 година, на својот Твитер профил напиша дека е горд на сите учесници кои го прифатија предизвикот.
“Им благодарам на сите граѓани, училишта, влади, корпорации и целата заедница. Горд сум на предизвикот Дубаи фитнес! ”

Премиерата на едномесечниот спортски настан беше минатата година. Престолонаследникот на Дубаи ги повика претставниците на сите владини организации, јавниот сектор и образовните институции да бидат движечка сила зад промените и да ги поттикнат да го преземат водството во фитнес предизвикот како личен пример. Тој, исто така, апелираше до вработените во приватниот сектор да се приклучат на оваа необична и, секако, мулти-корисна фитнес акција.

“Ние сме заинтересирани за проширување на културата на праксата, бидејќи со сите наши срца веруваме дека физичката активност може да стане навика на сите жители на Дубаи, со што ќе се подобри квалитетот на нивниот живот”, изјавил принцот на Дубаи. – Се надеваме дека другите градови ќе го следат нашиот пример и ќе ги охрабрат нашите граѓани да ја разберат важноста на физичките активности и спортот. Дубаи Фитнес предизвик е продолжение на други иницијативи што ги започнавме за да го претворат Дубаи во најсреќниот град во светот, создавајќи позитивна социјална средина и услови за подобар животен стил.
Во 2017 година, околу 800.000 луѓе од Дубаи учествуваа на манифестација која промовира здрав начин на живот. Оваа година оваа бројка е надмината за една петтина.











