Конвој со хуманитарна помош која ќе ја дистрибуира турската хуманитарната организација Црвена полумесечина ќе биде поделна на мигранти во Босна и Херцеговина, и наскоро треба да влезе на територијата на БиХ, соопшти хуманитарната организација,пренесува агенцијата Анадолу (АА).

Турската Црвена полумесечина со години врши активности во Босна и Херцеговина и овој пат спроведува проект за поддршка на подобрување на условите за мигрантите кои се на пат кон европските земји.
Од Истанбул и Киркларелија, во БиХ беа тргнаа девет шлепери со хуманитарна помош, што ќе биде значајно во поглед на претстојните зимски услови. Конвојот со хуманитарна помош се наоѓа границата на БиХ.
Станува збор за 22 шаторски крила со површина на 105 метри квадратни, уште 229 шатори од различни големини, 10.000 ќебиња, илјада кујнски сетови и две мобилни кујни.
По нивното пристигнување во БиХ, претставниците на делегацијата на Црвената полумесечина ќе ја предадат помошта на мигрантите во Мостар и Бихаќ.











