Во акциите што ги презеле израелските сили во Источен Ерусалим и Западниот Брег, 45 Палестинци биле уапсени, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Израелската полиција соопшти дека вкупно 32 Палестинци биле уапсени во операцијата во Источен Ерусалим, под сомнение дека помагаат и им служат на палестинските безбедносни сили.
Исто така, се вели дека 32 притворени Палестинци ќе бидат изведени пред суд.
Од друга страна, израелските сили во неколку други градови на Западниот брег приведиле 13 Палестинци.
Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека израелските војници во Рамалах и Хеброн приведиле 13 Палестинци заради обвиненија за учество во терористички активности. Меѓу затворениците се и два малолетници и претставник на медиумите.
Израелските сили често го напаѓаат Западниот Брег и Источен Ерусалим, а под разни неосновани обвинувања приведуваат Палестинци.
Официјалните податоци од палестинската страна покажуваат дека во израелските затвори има околу 6.500 Палестинци, од кои 450 се во административен притвор.











