ТУРЦИЈА , Најмалку четири војници загинаа во хеликоптерска несреќа во Истанбул

0
235

Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, информираше дека се урнал воен хеликоптер кој во местото Самандира изведувал лет за обука. Во несреќата животот го загубија 4 војници, а еден војник е повреден, јавува Anadolu Agency (AA).

Гувернерот Јерликаја за АА даде изјава за несреќниот случај со воениот хеликоптер. Хеликоптерот првенствено удрил во покривот на една четирикатница во населбата Санџактепе, по што паднал на улицата.

Гувернерот Јерликаја информираше дека пријавата за падот на хеликоптерот е заведена во 11:00 часот по локално време.

Хеликоптерот му припаѓал на Воздухопловниот полк при 1. воена команда во Самандира и изведувал лет за обука. Воениот хеликоптер се урна од засега непознати причини.

„Загинаа 4 војници, 1 е повреден. Започната е истрага за откривање на причините за несреќата. Во тек се активности на местото на несреќата“, истакна Јерликаја, гувернерот на Истанбул.

ISTANBUL, TURKEY – NOVEMBER 26: Officials work at the scene after a military helicopter crash at Sancaktepe district in Istanbul, Turkey on November 26, 2018. 4 soldiers martyred, 1 wounded in the incident. ( Alptekin Soykan – Anadolu Agency )