Саудискиот престолонаследник во посета на Бахреин

0
209

Саудискиот принц Мухамед бин Селман денес треба да пристигне во Бахреин на разговори со кралот Хамад бин Иса, пренесува Anadolu Agency (AA).

Посетата е втор дел од првата турнеја во странство по случајот за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул минатиот месец.

Теми на разговорите на Бин Селман во Бахреин ќе бидат билатералните односи, состојбата во регионот и глобалните случувања.

Во првиот дел од неговата турнеја низ заливските земји, саудискиот принц во четвртокот допатува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Неговата турнеја протекува во сенка на острите критики на сметка на Саудиска Арабија во врска со случајот за убиството на Кашоги, колумнистот на „Вашингтон пост“ („The Washington Post“), кому му се губи секаква трага по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Откако првин кажаа дека Кашоги го напуштил Конзулатот, неколку недели подоцна саудиските власти признаа дека тој бил убиен внатре, во Конзулатот, фрлајќи ја вината врз група саудиски оперативци.