Турскиот и рускиот министер за одбрана разговараа за ситуацијата во Сирија

0
178

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, разговараше за ситуацијата во Сирија со својот руски колега Сергеј Шојгу, пренесува Anadolu Agency (AA).

Турското Министерство за одбрана соопшти дека турскиот и рускиот министер во телефонски разговор се осврнале на регионалните безбедносни теми, со акцент на ситуацијата во сириската регија Идлиб.

Во соопштението се наведува дека двајцата министри се согласни дека двете страни треба да бидат подготвени да се спротивстават на провокациите кои би можеле да го загрозат Договорот кој го постигнаа Турција и Русија за воспоставувањето демилитаризирана зона во Идлиб.