Исламофобичен напад врз една џамија во Холандија

0
203

Во Големата џамија при холандската Фондација „Дијанет“ во градот Еде во Холандија и неговата околина се поставени транспаренти со исламофобични изрази, пренесува Anadolu Agency (AA).

Одговорноста за случајот ја презеде екстремно десничарското движење Вурпост, кое на социјалните мрежи ги сподели фотографиите на транспарентите поставени на џамијата со написи „Запри го исламскиот тероризам“ и „Запри ја исламизацијата“.

Претседателот на Фондацијата на Големата џамија, Хусеин Дурмуш, во изјава за АА истакна дека го осудуваат овој напад, и дека градот Еде за првпат се соочува со ваква состојба.

Дурмуш рече дека во една недела се извршени два напада. „Во првиот напад беше поставен транспарент на прозорецот на џамијата на кој пишуваше: „Запрете го колењето халал“. Тоа намерно не го објавивме во медиумите. Она што го сака оваа група е да биде во медиуми и да привлече внимание“, додаде тој.

Дурмуш нагласи дека една недела по овој случај биле поставени транспаренти со исламофобични изрази на уличното осветлување околу џамијата и во влезот на една зграда, чија изградба е во тек.

„Двата напада ги пријавивме во полиција. Полицијата ги изврши првите увиди пред џамијата, и нагласи дека поради слободата на изразување, ќе врши увид во врска со поставувањето на транспарентите без дозвола, а не за содржината на написите“, рече Дурмуш.

Дурмуш истакна дека се во контакт со градоначалникот и полицијата во врска со случјаот, и дека градоначалникот изразил жалење поради тоа што не ќе можат да направат ништо, сѐ додека џамијата не е оштетена.