Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги повика муслиманите ширум светот да се обединат против Америка, а не да “одмотуваат црвени теписи за криминалците”.
Вашингтон во мај повторно ги воведе санкциите за Техеран откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу Иран и светските сили.
“Покорувањето на Западот на чело со Америка,претставува предавство против нашата вера и против идните генерации во овој регион. Имаме избор, да го постелуваме црвениот тепих за криминалците или да се спротивставиме на неправдата и да останеме верни на нашиот Пејкамбер, Кур`анот и Исламот”, истакнал Рохани во говорот на Меѓународната конференција за исламско единство во Техеран.
Иран и Саудиска Арабија се неистомисленици и ги поддржуваат разните страни во конфликтите во Сирија и Јемен, како и одделни политички фракции во Ирак и Либан во регионот.
Извор:(Vijesti)









