Турскиот министер Ерсој, во посета на Ковачи – мезарот (гроб) на Алија Изетбеговиќ

0
204

Министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој, денеска го посети Шехидското мезарје Ковачи во Сараево и положи цвеќе на гробот на првиот претседател на Претседателството на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, јави агенцијата Анадолу (АА).

Ерсој пристигна ова утро во главниот град на БиХ, по повод церемонијата на отворање на два нови вакуфски објекти во Сараево, студентски дом на Исламската заедница во Босна и Херцеговина и станбена зграда. По пристигнувањето во Сараево, тој први го посети шехидското мезарје Ковачи и и мезарот(гроб) на првиот претседател на Претседателството на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, каде што исто така положи цвеќе.

Ерсој исто така уприличил и посета на османлиското мзарје на Ковачи, за чија реконструкција е задолжена турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА).

Министерот Ерсој потоа ги посети и се информираше за работите на административната зграда на Ријасет ИЗБиХ на Ковачи, чија изградба е во тек и чие завршување е финансирано од Генералната дирекција на вакуфот на Република Турција.

Турскиот министер потоа во седиштето на Ријасетот се сретнал со реизу-л-улема ИЗБиХ Хусеин еф. Кавазовиќ, со кого ќе присуствуваат заедно на денешните церемонии.
Во придружба на министерот Ерсој во Сараево, присуствуваат директорот на турската канцеларија за туризам Аднан Ертем, претседателот на ТИКА Сердар Кам и претседателот на Институтот Јунус Емре Сереф ​​Атеш.

Студентскиот дом, наменет за сместување студенти на Факултетот за исламски науки и студенти на други факултети во Сараево, има пет ката со простор од 4.745 квадратни метри со 202 кревети распоредени во 59 соби. Покрај сместувачките капацитети, студентскиот дом има и други соодветно опремени простории кои ќе се користат за образовни и социјални содржини.

Станбена зграда на улицата Одобашина е наменета за издавање врз основа на чии приход ќе се обновува и подобрува имотот на Гази Иса-бег вакуф, основачот на градот Сараево. Таа е изградена на мукати на Гази Иса-бег вакуфот, односно парцела, која на 12 јуни 1858 година била регистрирана како вакуф на Дајанли Хаџи Ибрахим.
Се планира министерот Ерсој подоцна да го посети и Мостар.