Турскиот министер за одбрана Акар разговараше со неговиот руски колега Шојгу

0
183

Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според добиените информации, Акар и Шојгу разговараа за регионалните безбедносни прашања во рамки на потпишаниот договор во Сочи, и се согласија за продолжување на заедничката работа со цел обезбедување и одржување мир и безбедност во Идлиб и Тел Рифат.

Двајцата министри во текот на разговорот ги утврдија потребните технички и тактички мерки на терен.

Турскиот министер Акар заедно со шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, минатиот вторник во рускиот град Сочи се сретнаа со рускиот министер за одбрана Шојгу и други власти.