Лидерот на словенечката опозиција и поранешен премиер Јанез Јанша, окружниот суд во Цеље денес неправосилно условно го осуди на три месеци затвор со рок од една година, бидејќи на Твитер две новинарки на Словенечката телевизијата ги нарече медиумски “проститутки” откако во емисија, како што рекол, некоректно известувале за неговата партија.
Откако во ударниот термин на јавниот сервис на почетокот на 2016 година беше објавена емисија во која партијата на Јанша Словенска демократска странка (СДС) прикажана како партија чии членови наводно биле поврзани со крајната екстремистичка десница која бара ревизија на историјата, што се документирало со тврдење дека нејзини членови на фејсбук ја регистрирале групата “Легија на смртта“, а нешто што партијата на Јанша го демантирало, а за истото и на Твитер реагирал и Јанша.
– На некаква Фејсбук страна најавната телевизиска куќа се нудат ефтини услуги на потрошените проститутки Евгенија К. и Мојца П.Ш. – напишал Јанша.
Во ова се препознала авторката на емисијата , новинарката Евгенија Карл, уредник на информативната програма за јавна телевизија Мојца Шетинч Пашек, и заради навредата на честа, го тужеле на Јанша.
Во одштетната служба веќе правосилно им е доделено по 6.000 евра, а сега судот во Цељее донел неправосилна пресуда во кривичниот дел од тужбата.
Словенечкиот опозициски првак во петокот на судот изјавил дека со својот Твит реагирал на некоректното известување на споменатите новинарки за неговата партија, и дека со записот “не мислел на сполна туку медиумска проституција “, и дека ако тоа така го сватиле подготвен е да понуди извинување.
Адвокатот на новинарките на судот изјавил дека тоа не го сваќа како извинување туку како неумесен сарказам.
По завршувањето на судењето, Јанша изјавил дека неговиот твит е реакција на телевизиска емисија на новинарката Евгенија која во емисијата изнела “куп на гнасни лаги“ на сметка на членовите на СДС, и дека нејзината емисија ја гледале 100.000 луѓе, додека неговиот твит го прочитале чита само неколку стотини негови следбеници на социјалните мрежи, објави Хина.
Извор:faktor









