ПАКИСТАН: Во експлозија на бомба во Медресе најмалку 25 мртви

0
200

Најмалку 25 лица загинаа, а 35 се повредени во самоубиствен напад на влез во Медресе во Пакистан, јави агенцијата Анадолу (АА).

Според информациите обезбедени од страна на безбедносните сили, бомбашот-самоубиец активирал експлозивма направа пред врата на медресе.

Министерот за човекови права Ширин Мазари потврди дека загинале 25, а повредени се 35 лица. Тој изрази загриженост дека бројот на мртви би можел да биде зголемен. Местото на нападот било обезбедено од припадници на безбедносните сили.

 

Çin’in Karaçi Konsolosluğuna düzenlenen silahlı ve el bombalı saldırıda 2 polis hayatını kaybetti. Bölgeye çok sayıda özel harekat polisi ve güvenlik görevlisi sevk edilirken, konsolosluk çevresi güvenlik çemberine alındı. ( Sabir Mazhar – Anadolu Agency )

Истиот ден во земјата имаше два напади. Пристигнала и осуда од страна на премиерот Имран Хан.

-Ова се планирани напади со цел дестабилизација на земјата и нејзиниот развој – рече Хан.

– Повторно е крв на сите подрачја во земјата. Мора да имплементираме национален акционен план за ова прашање – напишал на социјалната мрежа лидерот на пакистанската опозициска народна партија, Билавал Буто-Зердари.

Локалниот полициски претставник Тахир Али претходно изјави дека нападот на Медресето се случил во градот Клаја во провинцијата Кибер Пхухтунхва, која се граничиа со Авганистан.

Али, истакнал дека трагедијата ја поттикна локалната власт да прогласи вонредна состојба во болниците во регионот за решавање на сегашната ситуација.

Најмалку четири лица денес загинаа рано утринава во нападот што беше извршен на Конзулатот на Народна Република Кина во пристанишниот град во Пакистан Карачи.

Извор:faktor