Израелските парламентарци ги одби злосторствата кои над Јазидите ги изврши т.н “Исламска Држава“ да ги нарече геноцид.
Потсетуваме, околу пет илјади Јазиди беа убиени, а повеќе од три илјади жени и деца беа заробени и претворени во робови.
Оваа среда, парламентот на Израел гласаше против нацрт-законот кој официјално ќе ги признае овие ужасни злосторства како геноцид. Предлогот беше одбиен од 58 пратеници, вклучувајќи ги и членовите на десничарската коалиција предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху.За нацртот гласале 38 пратеници.
Предлагачот на законот Ксенија Светлова гласањето го нарече срамно и ги отфрли обвинувањата на противниците кои тврдат дека ниту Обединетите нации кои не го нарекоа масакр на Јазидите дека се смешни.
Дури и некои пратеници кои гласаа против а сакаа да гласаат за, ама не смееле. Јехуда Глик, ортодоксен Евреин, изјави дека му е срам што гласа против ама немал избор освен да ја почитува наредбата на партијата.
Во нацрт законот се тврдело дека три илјади жени и девојки, Јазидкињи, сè уште се заробени. Тие ги силуваат и ги злоупотребуваат. Девојлиња од кои, некои имаат 10 години, се продаваат на “пазари за робови”, бидејќи за терористите тие се сметаат за неверници.
Светлова после гласањето порачала дека израелските парламентарци покажале национален егоизам.
Јазиди веруваат во еден Бог како творец на светот на кој испратил седум возвишени суштества или мелеци-ангели (haft serr, “седум загатки”) за да го чуваат, а нивниот водач е Малак Таус (“Пауновиот ангел”). Него муслиманите често го поистоветуваат со сатаната, заради што Језидите биле прогонувани од своето настанување особено во времето на Отоманската империја
Досега само Ерменија го призна геноцидот над Јазидите. Во оваа земја има 50 илјади Јазиди, каде се најбројно етничко малцинство.










