Група австриски активисти во Виена вчера одржаа протест против конференцијата “Борба против антисемитизмот и антиционизмот”под покровителство на австрискиот премиер Себастијан Курц, јавува Анадолу Агенција.
Граѓаните кои се собрале пред Виенската државна опера, порачаа дека антиционизмот не е исто како и антисемитизмот.
Демонстрантите носеле транспаренти со натписите “Стоп за израелската окупација на палестинската територија“ Палестина се уништува “и” Кој ќе го сопре Израел во правењето на злосторства“
Фриц Едлингер, претседател на австро-арапската заедница, изјави дека одлучиле да одржат протест како би реагирале на конференцијата на која исто така учествуваат и голем број државни службеници.
Тој нагласи дека премиерот Курц и владата со оваа конференција го подржуваат Израел, кој како што рече, ги игнорира одлуките на ОН и го нарушува меѓународното право.
Тој истакна дека насобраните луѓе се противат на сите форми на дискриминација и расизам, каде и да се.
– Антиционизмот не е антисемитизам. Ја сум отворено против антисемитизмот, ама Израел веќе со години се однесува расистички спреа Палестинците.
Израелго крши меѓународното право речиси 70 години, го краде палестинското земјиште, ги убива, се однесува спротивно на резолуциите на ОН, се обидува целата Палестина да ја направи израелската територија – истакнал Едлингер.
Конференцијата, која беше организирана како дел од австриското претседателство со ЕУ, присуствуваа претставници на еврејски здруженија и организации, премиерот на Австрија Курц, министер за образование на Австрија Хајнц Фасман и
други функционери.
Исто така, се очекува да присуствува и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
конференцијата, но подоцна изјави дека неговите посети биле откажани
поради политичката криза во Израел.











