Израелските сили во источен Ерусалим урнаа 14 продавници во сопственост на Палестинците, јави агенцијата Анадолу (АА).
Хизир ед-Дибс, член на комитетот за заштита на бегалскиот камп Шуафат, на север од источниот дел на Ерусалим, изјави дека екипи од Ерусалим ги уништиле продавниците во соседството Ра`с Хамиш во близина на кампот за бегалци, бидејќи немале потребни дозволи.
Тимовите за уривање влегоа во населбата Рас Хамиш со придружба на израелската полиција и граничните сили. Според Дибс, тимот има намера да уништи повеќе од 16 продавници во рок од 12 часа.
Тој, исто така, додаде дека на сопствениците на продавници им било оневозможено обраќање по правен пат, и нема спречени немало доволно време да поднесат жалба до израелските судови.
Тој објасни дека процесот на уривање доведе до зголемување на тензиите во населбата.
Тој тврди дека Израел има намера да ги протера Палестинците од Ерусалим.
“Целта на уривањето е да ги оддалечи жителите на Ерусалим од нивниот град, да се заплени имото на Палестинците и да се донесат нови еврејски имигранти”, истакбнал Дибс.
Израелските сили минатата ноќ извршија рација во Ra’s Hamis и оставиле известувања на продавниците чие уривање било планирано.
После тоа, дошло до конфликт меѓу Палестинците и израелската полиција.
Во кампот за бегалци на Хамис и Шуафат има околу 40.000 Палестинци, на кои Израел издава дозволи за постојан престој.
Палестинците тешко можат да добијат градежни дозволи во Источен Ерусалим.
Податоците на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека израелските власти од 2010 до 2014 година издале дозволи за само 1,5 отсто од вкупниот број палестински барања.
Во првите шест месеци од оваа година, израелските сили уништија 63 згради низ Ерусалим со образложение дека немале потребни дозволи. Поради овие уривање, 51 Палестинец останаа без покрив над главата, а меѓу нив има 21 деца.
Палестинските извори тврдат дека израелските сили од 1967 година во Источен Ерусалим уништиле повеќе од 5.000 куќи во сопственост на Палестинци.
Израелските власти се закануваат со уништување на неколку илјади згради во Источен Ерусалим, во сопственост на Палестинците. Општините поврзани со Израел избегнуваат издавање дозволи, а Палестинците тврдат дека овој процес нема правна основа и дека е дел од израелската политика на заплашување и јудаизација.











