Хонда повлече 122.000 повеќенаменски возила

0
208

Јапонската автомобилска компанија Хонда соопшти дека повлекла 122.000 повеќенаменски возила (MPV) од типот „одисеј“ поради грешка во производствениот процес, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на компанијата, повлечени се 122.000 возила од моделите од 2018 и 2019 година, поради грешка во производството која предизвикува отварање на автоматската лизгачка врата додека возилото е во движење.

Во соопштението се наведува дека дефектот е предизвикан поради лошото функционирање на лепливите задни брави кои овозможуваат електричната врата да се отвора на безбеден начин.

Хонда ги информираше сопствениците на овие возила дека ќе бидат сменети деловите на повлечените возила, а во случај да не се најдат резервни делови за тоа, автоматската лизгачка врата ќе биде привремено деактивирана, и вратата ќе се отвара рачно.

Се истакнува дека поголемиот дел од овие возила со дефект биле продавани во САД и Канада.