Во безживотното тело на кит, кој се насукал на брегот на Индонезија, пронајдена е голема колична на пластичен отпад, пишува
The Guardian.
Вработените во Националниот парк Вакатоби во понеделникот пронашле леш на кит долг 9,5 метра.
Во желудникот на китот биле пронајдени речиси Скоро 6 килограми пластика. Меѓу другото, китот проголтал и неколку пластични кеси и 115 пластични чаши.
Indonesia: dead whale had 1,000 pieces of plastic in stomach https://t.co/xqGWxvtH0f
— The Guardian (@guardian) November 20, 2018
“Локалните жители веќе се собраале околу мртвото тело на починатиот кит и започнале да сечат делови од телото на китот”, изјавил Хери Сантосо, шеф на Националниот парк.
Сантосо изјавил дека научниците од организацијата World Wildlife Fund (WWF) и националниот парк Вакатоби во желудникот на китот пронашле 5,9 килограми пластичен отпад. Како и 4 пластични шишиња, 115 пластични чаши, 25 пластични кеси, и други пластични производи.










