Најмалку 40 лица се убиени во експлозија во близина на сала за венчавки во главниот град на Авганистан, Кабул, пренесе авганистанското Министерство за здравство.
Најмалку 60 лица беа повредени во експлозија во областа PD15, а итна помош сеуште ги транспортира до болницата, објави ББС.
Причината за експлозијата сè уште не е дефинитивно утврдена, но владиниот портпарол изјави дека првите извештаи сугерираат дека станува збор за бомбаш самоубиец.
Одредени милитанти, како Талибанците и припадници на таканаречената Исламската држава, редовно извршуваат самоубиствени бомбашки напади во оваа земја, во која 17 години по инвазијата на САД и уништувањето на талибанскиот режим сè уште нема мир.











