Она што во високо-буџетските филмови е представено како далекусежна иднина во Дубаи да станува реалност. На овој факт одамна сме навикбале: храна и пијалаци пристигнуваат во беспилотни летала (дронови), пасошката контрола може да се изврши за само неколку секунди, а од 2020 година нема да има изненадување полицијата да биде на летечки мотоцикли!
Овие денови полицијата во најпознатиот емират започна со обука за летање на мотоцикли, а сцените личеа како од филмот Star Wars.
Возилото “S3 2019” тешко е 115 килограми, има четири пропелери и може да се движи со брзина од 96 километри на час. Во воздухот, со максимална височина од пет метри, може да остане 40 минути. Летачкиот мотоцикл чини 150.000 долари, а го произведила команијата Hoversurf и се обврза да произведе 40 примероци за потребите на полицијата во Дубаи.
– Имаме две екипи кои во моментов го тестираат летачки мотоцикл, а наскоро ќе има и повеќе, објави полицијата во Дубаи.
Летачкиот мотоцикл беше претставен на саемот “Гитекс” оваа есен, а предноста над другите полициски возила е дека полицаецот кој може да се справи со него лесно може да дојде до недостапен терен, но исто така и да обезбеди итна помош.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=6EZHixRPY3E[/embedyt]










