Вооружен напад во болница во Чикаго: Загинале четири лица

by Administrator

Најмалку четири лица се убиени во вооружен напад кој синоќа доцна се случил во болница во американскиот град Чикаго, јави агенцијата Анадолу (АА).

Инцидентот се случи во болницата Мерси, а напаѓачот беше идентификуван како 32-годишниот Хуан Лопез, кој бил свршеник на една од жртвите. Меѓу четирите мсртно настрадани се полицаец, напаѓачот и двајца цивили.

Полицаецот Ентони Гуглиелми потврдил на Твитер дека полицискиот службеник Семјуел Хименес на должност го загуби животот.

– Градот Чикаго загуби еден лекар, фармацевтски асистент и полицаец. Сите беа убиени додека работаа на работа
која ја сакаат- изјавил градоначалникот Рахм Емануел.

Сенаторот Дик Дурбин ја пофали полицијата, која брзо интервенирала и во размена на огнот го убиле напаѓачот.

Во тек е истрага за деталите и мотивите на нападот.

You may also like