Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Истанбул каде што ќе учествува на церемонијата по повод завршувањето на изградбата на делот од проектот на гасоводот Турски тек, кој што поминува под морето.
Путин во Државниот дом на аеродромот Ататурк беше пречекан од страна на валијата на Истанбул Али Јерликаја, градоначалникот на Истанбул Мевлут Ујсал, амбасадорот на Русија во Анкара Алексеј Јерхов и други високи турски и руски функционери.
Инаку, преку гасоводот Турски тек се планира рускиот природен гас преку Црното Море (под морето) и низ териториите на Турција да се испорачува за Европа.
По повод завршувањето на изградбата на делот од гасоводот Турски тек кој што поминува под Црното Море денеска во Истанбул со присуство и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се одржува церемонија.
Гасоводот Турски тек преку кој рускиот природен гас ќе се транспортира во Турција и во Европа ќе се состои од две линии (траси) поставени под Црното Море од кои секоја ќе биде со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри годишно и ќе биде со дожина од 930 километри.

Преку првата линија (траса) се предвидува да се испорачува гас за Турција, а преку втората за европските земји.
Изградбата на гасоводот која што започна во 2015 година се има за цел да биде целосно завршена во 2019 година.










