ВО ЖИВО: Церемонија по повод завршувањето на работите за проектот „Турски тек“

0
206

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствува на церемонијата по повод завршувањето на работите на поморскиот дел од проектот за природен гас „Турски тек“. На церемонијата присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

– Ердоган: „Веќе стигнавме до последната фаза од проектот Турски тек.“

– Ердоган: „Турскиот тек поседува бројни предности не само за нашата земја и за нашиот народ, туку и за нашите соседи и за регионот.“

– Ердоган: „Ако даде Господ, проектот Турски тек ќе биде подготвен да се стави во функција по тестирањата кои ќе бидат направени во 2019 година.“

– Ердоган: „Турција од 1987 година досега изврши откуп на природен гас од 387 милијарди метри кубни од Русија. Тоа покажува дека нашите односи на полето на енергетиката минаа низ секакви видови тестирања.“

– Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека нивната цел е со Турција да достигнат обем на трговска размена од 100 милијарди долари.