Зоран Јанковиќ го обезбеди својот четврти мандат како градоначалник на Љубљана, освојувајќи повеќе од 58 отсто од гласовите на локалните избори во Словенија. Ова го покажуваат анкетите на излезност на весникот “Дневник”.
Тој води пред кандидатот на опозицијата Анже Логар од десничарската Демократска партија, со поддршка од 30 отсто од гласачите.
Анкетите покажуваат и дека листат на Јанковиќ освоила 43,22 отсто од гласовите, објави СТА.
На локалните избори во Словенија избирани се членови на општинските совети и претседатели во 212 општини.
За 3.400 места во општинските совети, се кандидирале 22.313 кандидати. Општинските власти се избираат со пропорционален систем, и обично се потребни коалиции за да се формираат.
За претседатели на општините се одлучува со мнозинство на гласови.











