Израелскиот министер Ариел заедно со група радикални Евреи изврши упад во Ал-Акса

0
271

Израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, и група радикални Евреи, упаднале во Ал-Акса, во Источен Ерусалим, пишува Анадолија.

Одделот за вакуф во Ерусалим аоопшти дека Ариел и група Евреи во Ал-Акса упаднале во придружуба на израелската полиција. Министерот и групата поминале одреден период во Ал-Акса, а потоа го напуштиле Харем-и Шериф (Ал-Акса).

Во соопштението се наведува дека, денес 53 радикали радикални евреи упаднале во Ал-Акса. Ариел, кој е член на партијата Еврејски дом, во Ал Акса упаднал и на 9.септември.

Портпаролот на палестинската влада Јусуф ал Махмуд го осуди упадот на Израелски министер и радикални Евреи во Ал-Акса.

Упадот на радикалните Евреи во Ал-Акса доведува до зголемување на тензиите, како и до палестински конфликт со израелската полиција.