Протести во Франција: Загина едно, а повредени се 47 лица

0
299

Најмалку едно лице загина, а 47 се повредени во текот на протестот во Франција, организирани во знак на незадоволство поради зголемување на цените на горивото, потврдено е од Министерството за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).

Наведоа дека три лица се здобиле со потешки телесни повреди. Од Министерството потврдија и дека се уапсени 24 лица, а 17 се задржани на испрашување.

Ширум Франција, денеска, поради зголемување на цените на горивото, граѓаните ги блокираат патиштата, мостовите и наплатните рампи. Во текот е истрага за смртта на демонстрант кој удри возач, кој беше во панцир бидејќи се најде сред протестите.