ФЛОРИДА: Запленето 18.5 тони кокаин со улична вредност од 500 милиони долари

0
214

Членови на американската крајбрежна стража запленија околу 18,5 тони кокаин во источниот дел на Пацификот, чија улична вредност била проценета на околу 500 милиони долари, објавија властите денес.

 

Во соопштението од крајбрежната стража се вели дека дрогата бил запленета со 15 бродови и била префрлен во пристаништата Евергладес и Форт Лодердејл во државата Флорида, пренесе Срна.

“Повеќе чамци на крајбрежната стража помогале во заплената на дрогата од Мексико, Централна и Јужна Америка”, се наведува во соопштението.

Локалните медиуми објавија дека 49 осомничени се уапсени против кои ќе се спроведат кривични постапки во Флорида.

Извор:(Vijesti)