Ноќеска, околу 03:00 часот по полноќ, се случи тепачка пред угостителски објект во селото Вевчани.
– Во нарушувањето на јавниот ред и мир учествувале 28-годишните Т.П. и А.Б.К. и 35-годишниот Д.К. од една страна и група малолетни лица од друга страна, сите од Вевчани. Полициската станица од Велешта презема мерки за целосно идентификување на групата малолетници по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: Ohridpress/СВР Охрид фото: архива










