Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти изјави денеска дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе заврши исто како и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, со тоа што Тачи нема да побара азил во Унгарија туку во Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Алудирајќи на средбата на Тачи со рускиот претседател Владимир Путин во Париз, на церемонијата по повод 100-годишнаната од крајот на Првата светска војна, Курти рече дека Тачи со своите постапки на меѓународен план оди по стапките на Груевски.
– Пред две и пол години малку кој, а можеби и никој, не веруваше дека ќе победи Доналд Трамп или дека ќе се случи Брегзит. Исто така, пред само година и пол никому не му паѓаше на ум дека поранешниот македонски премиер Груевски ќе побара азил во Унгарија. Така, по тој пат оди и Тачи – кон азил во Русија. Ние не можеме да го запреме неговиот пат, но можеме да го запреме да го понесе Косово со себе. Косово не може да се пикне во куфер, никогаш и од никого, изјави Курти на прес-конференција во Приштина.
Повеќе на:fokus.mk
