Утре стартува редовната авио линијата Виена-Охрид-Виена

by Administrator

Утре стартува редовната авио линија Виена-Охрид-Виена, на нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер.

Авионот треба да слета на охридскиот аеродром во 17:00 часот. Првите патници ќе ги пречекаат директорот на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, директорот на Агенцијата за туризам, Љупчо Јанески, како и градоначалниците на Охрид и Струга, проф. д-р Јован Стојаноски и Рамиз Мерко.

Според најавите од ТАВ Македонија, летови ќе има секој вторник и сабота. Со воведувањето на Виена, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе има три редовни авиолинии во текот на годината (Виена, Цирих и Базел).

Охрид сезонски е поврзан со осум дестинации (Истанбул, Катовице, Варшава, Талин, Ајндховен, Тел Авив, Брисел и Амстердам) опслужувани од 11 авиокомпании („Визер“, „Онур ер“, „Смол планет ерлајнс“, „Ентер ер“, „Нордика“, „Корендон“, „Аркиа“, „ТУИФлај“, „Германиа Флуг“, „Хелветик“, „Брисел ерлајнс“).

Според извештајот на ТАВ Македонија, 1,8 милиони патници патувале преку „Меѓународниот aеродром Скопје“ и охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ во првите девет месеци од оваа година, што е годишен пораст од 18%.
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој очекува да се продолжи со исто темпо на  двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај до крајот на 2018 година, којшто е повисок од официјалниот просек на ЕУ од 4,8% (јули 2018) и повисок од просечниот раст од 6,8% на патнички сообраќај на аеродромите кои не се во ЕУ, според ACI Europe. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

You may also like