САД го испорачаа на Турција осудениот педофил поврзан со ФЕТО

0
253

Мехмет Салих Гозегир, поранешниот член на Управниот одбор на Фондацијата Раиндроп, која во Соединетите Американски Држави (САД) делува при терористичката организација ФЕТО, осуден е за педофилија и протеран од оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите до кои дојде новинарот на АА, САД го испорачаа на Турција Гозегир откако американскиот суд го прогласи за виновен за кривични дела „поттикнување малолетници на проституција во виртуелно окружување” и „обид за сексуално злоупотребување деца”.

Гозегир во 2014 година стана член на Управниот одбор на Фондацијата на ФЕТО, Раиндроп, а се наведува дека во САД престојувал поради студии на медицина.

Американските медиуми јавија дека Гозегир, во текот на докторските студии во градот Форт Бенд, во сојузната американска држава Тексас, е уапсен во полициска та рација на 14 и 15 мај во 2015 година.

Акцијата ја спроведоа американскиот ФБИ и Министерството за безбедност на САД, а Гозегир е уапсен заедно со уште 23 лица поради сомнеж дека ги извршил споменатите кривични дела. Судот одреди кауција за Гозегир во вредност од 50.000 долари, а откако е уплатена, во текот на судењето се бранеше од слобода.

Гозегир во 2015 година е исфрлен од Управниот одбор на Фондацијата Раиндроп, а според податоците кои ги доби новинарот на АА, САД вчера го испорачаа на Турција.

Познато е дека терористичката организација ФЕТО, на чело со водачот Фетула Ѓулен, има низа свои здруженија и организации кои делуваат во Тексас.