Џеназе-намаз во отсуство за Џамал Кашоги во Истанбул, Мека, Лондон…

0
324

Погребната молитва во отсуство на Џамал Кашоги, новинарот убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, денес се одржа во повеќе земји, јавува Anadolu Agency (AA).Dženaza-namaz u odsustvu za Jamala Khashogija u Istanbulu, Mekki, Londonu...

Новинари од повеќе делови од светот присуствуваа на денешната погребна молитва во Фатих џамијата во Истанбул, која се одржи по петочната молитва.

Погребната молитва за Кашоги се одржуваат и во Мека, Лондон, Анкара, Џакарта и голем број на други градови.image

Во Џамијата на божјиот пратеник во Медина утринава е одржана погребната молитва во отсуство на телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, а на молитвата присуствуваше и неговиот син Салах Кашоги.

Новинарот на АА јавува дека утринава по утринската молива во Џамијата на божјиот пратеник во Медина е одржана и погребната молитва во отсуство на телото на Џамал Кашоги, кој брутално е убиен на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.image

Неговиот син Салах вчера на социјалната мрежа Твитер објави дека погребната молитва за неговиот татко ќе се одржи по петочната молитва во Месџид ел-Харам, поточно во Големата џамија во Мека.image

Салах претходно изјави дека семејството ќе прима сочувство од петок до недела во нивниот дом во Џеда.image

Колумнистот на весникот „Вашингтон пост“ („The Washiington Post“) е убиен на 2 октомври во објектот на саудискиот Конзулат во Истанбул. По неколкунеделно негирање дека имаат одредени сознанија во врска со Кашоги, саудиските официјални лица признаа дека Кашоги бил убиен при расправија во Конзулатот.