Палестинскиот претседател Махмуд Абас и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган разговарале денес по телефон.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, двајцата претседатели разговарале за најновите случувања во Газа.
Во таа прилика, Ердоган остро ги осуди неодамнешните напади на Израел врз Газа.
Тој изрази подготвеност неговата земја да продолжи да ги поддржува луѓето од Газа и да ги премести ранетите Палестинци на третман во Турција.
Абас изразил благодарност до Ердоган за изјавил, “непоколебливата поддршка на Турција за палестинскиот народ и нивната борба”.
Потсетуваме, на 13 ноември, палестинските групи објавија дека е постигнат прекин на огнот во Газа. Во израелските напади во понеделникот, загинаа седум, а 25 Палестинци беа повредени. Во возвратниот оган на палестинските групи, еден загина, а повеќе од 50 Израелци биле повредени.
Извор:(Vijesti / AA)










