Кривична за жител на струшко Велешта кој предизвикал пожар

0
229

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, до надлежното Јавно обвинителство пoднесе кривична пријава против 63-годишниот М.В. од струшкото село Велешта.

– На 16-ти октомври оваа година, тој од небрежност запалил сува трева на нива во близина на селото од што настанал пожар кој се проширил и ја зафатил плеваната сопственост на С.Ш. од истото село. Притоа, целосно биле опожарени бали од сено како и дел од земјоделската механизација, со што била предизвикана материјална штета од 400.000 денари. Натамошното ширење на пожарот е спречено со интервенција на противпожарната единица од Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива