Израел ослободи Палестинец, кој речиси два месеци штрајкуваше со глад

0
226

Израелските власти го ослободија Палестинецот Кадер Аднан, кој 58 дена штрајкуваше со глад во израелскиот затвор, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Одделот за грижа за заробениците при Палестинската ослободителна организација (ПЛО) соопшти дека 40-годишниот Аднан бил ослободен минатата ноќ од израелски затвор.

Портпаролката на Канцеларијата, Јавад Павлус, претходно изјави дека израелскиот суд кон крајот на минатиот месец на Аднан му изрекол едно годишна затворска казна и парична казна од 290 долари.

Израелските сили го заробија Аднан на крајот на минатата година и му наредија на административниот притвор. Незадоволен од кршењето на основните човекови права, Аднан штрајкувал со глад 58 дена.

Израел го твари на Аднан заради членство во палестинската организација Ислами Џихад и заради наводно безбедносно заканување изрелеските сили во изминатите шест години во повеќе наврати го апселе.

Илјадници Палестинци завршуваат во израелските затвори како административни затвореници, а најчесто на товар им се ставаат наводни обвиненија дека претставуваат закана за националната безбедност на Израел.

Иако најчесто не се спроведуваат судските постапки, на затворениците со месеци и години им се продолжуваат мерките притвор, а, на нивните адвокати генерално не им е дозволено да пристапат до т.н. “тајни докази”.