МОМЕНТ КОЈ ГО “ЗАПАЛИ “БЛИСКИОТ ИСТОК :Погледнете како ракетата на Хамас го разнесува Изралескиот автобус

0
305

Објавена е видео снимка на која се гледа како палестинска ракета погаѓа израелски воен автобус, кој стана иницијлна капсула за ескалација на конфликтот во Појасот Газа
Видеото беше објавено минатата ноќ од телевизиската мрежа на Хамас, а на него се прикажува како противтенковска ракета погаѓа автобус на израелската армија.
Според извештаите, ракетата го погодила автобусот само неколку минути откако војниците заминале.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=j_9L2Q6csfc[/embedyt]

Видеото, исто така, покажува неколку израелски воени возила и многу војници кои стоеле веднаш до автобусот за време на нападот.

Ова е првпат Хамас да истрела антитенковска ракета од тип “Корнет”, руско производство, на израелска цел од војна во појасот Газа во 2014 година.

Палестинските фракции потоа издадоа соопштение во кое се вели дека нивните “борци успеале да нападнат автобус полн со војници со ракета Корнет”, додавајќи дека резултатот од смртта и ранетоста на војниците во автобусот биле пренесени од страна на израелските медиуми.

Сепак, израелската армија објави дека еден војник бил повреден и пренесен во болница во критична состојба.

Автобусот се запали, а црн, густ чад се издигна од местото на нападот. По тој инцидент, уследи ракетирање на Газа од населба на југот на Израел.

Противракетниот систем “Железна купола” пресретнал десетици ракети, а израелските војска нападнала околу 100 вели ширум појасот Газа каде погинаа најмалку четири лица.

До утринските часови, Палестинците истрелале околу 400 ракети врз Израел, а израелската армија нападнала околу 100 метри низ појасот Газа, во која загинале најмалку четири лица.

Рано утрото ракета од појасот Газа ја погодена била една станбена зграда во Израел и едно лице загинало.

Таа е првата жртва во Израел од почетокот на ескалацијата на насилството какво што не се памети од крајот на споменатите војни во Газа, која траеше 50 дена.

Извор:(СБ / Б92)